06/06/2024
Роберт Капа и неговите фотографии од денот Д (D-Day).
Останати фотографии во коментари на самиот оригинален пост.
Роберт Капа и неговите фотографии од денот Д (D-Day).
Воениот фотограф Робер Капа кој со својот фото-апарат бил присутен на нападот на плажата Омаха на 06.06.1944 година успеал да направи неколку фотографии на кои се гледаат почетните фази на нападот на американските сили, поточно првиот бран на нападот од страна на американските ренџери.
Капа бил заглавен на плажата и под силен притисок од непријателски оган успеал да направи 106 фотографии на кои се гледа во прво лице пеколот низ кој овие војници поминале на тој мрачен ден.
Гледајќи ги сликите кои Life списанието ги издало во нивниот печат на 19 јуни 1944 година, можеме да заебележиме дека тие не се чисти и прецизно направени што е и нормално. Да сте со фото апарат на вакво место, во јадрото на борбата, сигурно дека нема да се има време да се зема позиција и планира кадар за фотографирање (али некој морал да го работи и тоа).
Капа во интервју кажал дека бил до толку потресен што не можел да стави нов филм во камерата за да продолжи да слика. Неговите раце се треселе, нешто што го покажува стравот во него, претставен преку неговите матни фотографии, кои ни даваат слика на војници заглавени на плажата под силен непријателски оган. Овие фотографии ја даваат суровата реалност на војната и оние кои учествуваат во неа.
За жал, голем дел од фотографиите на Капа се уништени поради инцидент во студиото кадешто тој ги развивал нив, па така денес сме оставени само со 11 негови фотографии. Друга приказна пак кажува дека Капа сликнал само 11 и дека вработените во Life списанието не се криви за уништување на никаков материјал. Сепак, тоа не е до толку важно, колку што е содржината на неговите слики, кои ни го покажуваат хоророт во кој овие војници земале директно учество.
Овие фотографии беа и главна инспирација за филмот "Saving private Ryan".